Достапни линкови

logo-print

Загриженост од ЕУ за рускиот закон за протести


предлог-законот предизвика протести

предлог-законот предизвика протести

Европската унија изрази загриженост за законот кој го донесе рускиот парламент, со кој се зголемуваат казните за учесници на непријавени протести. Портпаролот на шефот на унијата за надворешна политика Кетрин Ештон рече дека се создава загриженост за последиците од законското решение. Казните предвидени со новата легислатива достигнуваат суми до 9.000 американски долари по учесник на нелегален протест. Рускиот претседател Владимир Путин се уште го нема потпишано указот за новиот закон.
XS
SM
MD
LG