Достапни линкови

Клинтон бара Иран да превземе конкретни чекори


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ги повика властите во Иран да превземат конкретни чекори на следните преговори со светските сили за нуклеарната програма на официјален Техеран, поконкретно, да го прекинат збогатувањето на ураниум на ниво од 20 проценти. Постои стравување дека 20 процентно збогатениот ураниум може да се употреби во нуклеарна бомба. Властите во Исламската република го одбија ваквото барање, тврдејки дека материјалот е потребен за медицинска употреба а не за правење на нуклеарно оружје. Клинтон, од друга страна, изјави дека станува збор за едно од клучните барања на светските сили кои се сомневаат дека иранската нуклеарна програма може да има воена димензија.
XS
SM
MD
LG