Достапни линкови

Следење на комуникациите со фалинка


Измените на Законот за следење на комуникации имаат бројни недоследности, недоречености и отвораат простор за сомнеж дека со него ќе се повредуваат слободите и правата на граѓаните, реагира опозицијата.

Јавната расправа по предлог законот за измени во законот за следење на комуникации којшто го изготви Mинистерството за внатрешни работи што се одржа во рамките на собранискиот национален совет за евроинтеграции истакна голем број недоследности, недоречености и како што рекоа најголем дел од дискутантите т.н сиви зони во него кои ќе значат повреда на слободите и на правата на граѓаните.
Досега ако сето тоа го правеше министерството за внатрешни работи во комуникација со операторите, сега од овој момент треба да го прават јавниот обвинител, финансиската полиција и царината, што значи дека нема педа од земјата што не треба да се покрие.

Ова потекнува од забелешката дека со овие измени се проширува типот на комуникациите кои би биле следени но и на институциите кои би биле овластени да следат.

„Досега ако сето тоа го правеше министерството за внатрешни работи во комуникација со операторите, сега од овој момент треба да го прават јавниот обвинител, финансиската полиција и царината, што значи дека нема педа од земјата што не треба да се покрие“, изјави пратеникот Јани Макрадули.
Станува збор за свесно одење кон зацврстување на позицијата на извршната власт во овој дел и натамошно зацврстување на позицијата на министерството за внатрешни работи. Министерството за внатрешни работи на овој начин само си ја продолжува својата доминантна улога во креирањето на полициска држава.

Вака поставениот закон не може да функционира и не може да го одрази европскиот дух заклучи Макрадули со оглед на тоа дека во самото образложение на предложените измени стои дека тие се прават заради усогласување на законот со новиот закон за кривична постапка а согласно забелешките во извештајот на ЕК од 2011 во однос на улогата на министерот за надворешни работи во постапката за следење на комуникациите. Токму овие измени покажуваат дека во овој домен се зголемува позицијата на извршната власт и на министерството за внатрешни работи, изјави пратеникот Тито Петковски.

„Станува збор за свесно одење кон зацврстување на позицијата на извршната власт во овој дел и натамошно зацврстување на позицијата на министерството за внатрешни работи. Министерството за внатрешни работи на овој начин само си ја продолжува својата доминантна улога во креирањето на полициска држава.“

Професорот Владимир Пивоваров посочува и дека во законот не е прецизирано врз основа на што може да се побара следење на комуникациите со намера откривање на кривично дело и криминал и тврди дека во овој момент не постои контрола над спроведувањето на законот во пракса.

„Ние во општеството створивме една фама дека сите можат во секој момент да бидат следени. Суштината на ваквата констатација е кадешто законодавецот вели дека има дерогација во следењето на комуникации и таму има потточки во кои вели дека комуникација меѓу бранителот и обвинетиот не смеат да се следат. За жал и јавно на телевизија видовме во еден случај дека бранителот и обвинетото лице биле следени.“

Пивоваров како проблем ги посочува огромните трошоци за набавка на опремата во рамките на новите овластени институции за следење.
XS
SM
MD
LG