Достапни линкови

Осуммина загинати во експлозија во Пакистан


Најмалку осуммина загинале во бомбашки напад пред училиште во градот Куета во југозападот на Пакистан, потврдија властите. Шефот на локалната полиција изјави дека најмалку дваесетмина се повредени во нападот. Експлозивната направа била детонирана за време на церемонија во училиштето. Градот Куета се наоѓа во немирната провинција Балочистан, каде бунтовничка група бара политичка автономност и поголем дел од државните приходи од нафта и гас.
XS
SM
MD
LG