Достапни линкови

Се готви осми тендер за продажба на ОХИС


Загубарот ОХИС не се продаде ни по седмиот обид, а владата најавува нов. Вработените се во незавидна состојба.

По неуспешноста на седмиот тендер за продажба на ОХИС, бидејќи ниту една фирма не достави понуда, владата најави дека ќе распише нов, а ќе бидат понудени и нови услови за потенцијалните инвеститори. Во незавидна позиција и натаму остануваат вработените на кои не им се исплатени неколку плати.
Најголемата жртва се работниците, впрочем како и во другите компании кои ја поминаа ова траума низ која врват работниците во ОХИС. Значи нема друга жртва, апсолутно не е жртва државата која дали ќе собере придонеси или не, жртва се тие кои немаат егзистенција.
Пеце Ристевски, Синдикат за индустрија, енергетика и рударство.

Пеце Ристевски од Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство вели дека нема дилема оти немањето на стратешки партнер, нередовното примање на плата и безперспективноста се одразува не само врз социјално материјалната, туку и врз психичката состојба на вработените.

„Најголемата жртва се работниците, впрочем како и во другите компании кои ја поминаа ова траума низ која врват работниците во ОХИС. Значи нема друга жртва, апсолутно не е жртва државата која дали ќе собере придонеси или не, жртва се тие кои немаат егзистенција.“
Aко некогаш работеле 7.000 сега може да работат барем 700, значи за во стартот да се олесни, да се намали бројот на вработени, треба владата, бидејќи ОХИС не е во таа можност, да понуди некој пакет на мерки кој ќе значи некое трајно згрижување на тие работници или некое поголемо материјално обесштетување.
Пеце Ристевски, Синдикат за индустрија, енергетика и рударство.

Економистот Висар Адеми вели дека владата наместо со сила да инсистира на продажба на ОХИС на начин кој се покажува како неуспешен, треба да направи преквалификација на кадарот.

„Јас мислам дека преку некоја програма или обука и преквалификација за тие луѓе би било многу пожелно владата да направи, за тие луѓе на пример да може да конкурираат на пазарот на труд како секој друг граѓанин којшто сака да направи кариера и мислам дека владата треба да го направи тоа што побрзо зашто ако се чека тендерот мислам дека ќе чекаме уште многу време, а тоа е за нив лошо и е дополнителен трошок за буџетот.“

Ристевски додава дека владата не смее да дозволи ОХИС да ја доживее судбината на другите загубари, односно фирмата да заврши во стечај или во ликвидација. Владата не треба да ги чека, туку да ги брка инвеститорите и да им ги понуди условите кои ќе бидат прифатливи за двете страни.

„Од друга страна, ако се појави некој број да е вишок на работници во ОХИС, за во стартот зборуваме, бидејќи ако некогаш работеле 7.000 сега може да работат барем 700, значи за во стартот да се олесни, да се намали бројот на вработени, треба владата, бидејќи ОХИС не е во таа можност, да понуди некој пакет на мерки кој ќе значи некое трајно згрижување на тие работници или некое поголемо материјално обесштетување.“

Дали со новиот тендер конечно ќе се реши судбината на ОХИС или владата ќе мора да бара алтернативно решение ќе се знае во текот на наредната недела.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG