Достапни линкови

Раст на невработеноста во Грција


Стапката на невработеност во Грција е зголемена на 21,9 проценти, соопшти денеска грчкиот завод за статистика. Невработеноста во март 2012 изнесувала 21,9 проценти за разлика од март минатата година кога стапката е проценета на 15,7 отсто. Најголемиот процент невработени се во возрасната група од 14 до 24 години која изнесува 52,8 проценти од вкупниот број и е зголемен за десет отсто во споредба со истиот период лани.
XS
SM
MD
LG