Достапни линкови

logo-print

НБРМ: Потребна е претпазлива монетарна политика


Последните макроекономски движења во македонската економија, од монетарен аспект, се релативно поволни; на девизниот пазар, и покрај проширувањето на трговскиот дефицит во април и исплатата на поголем износ дивиденда на странски акционер, поголеми притисоци врз девизниот курс не се забележуваат, оцени денеска Советот на Народната банка на Република Македонија. „ И покрај стабилниот амбиент за монетарната политика, ризиците поврзани со неизвесноста околу надминувањето на должничката криза во евро-зоната и ефектите врз глобалната и домашната економија се уште се присутни и дополнително нагласени, заради бројните тековни шпекулации за можните сценарија за Грција и евро-зоната. Одтука, останува потребата од натамошно претпазливо водење на монетарната политика и постојано следење на макроекономските остварувања, на домашен и на глобален план“ заклучи Советот на центарлната банка.
XS
SM
MD
LG