Достапни линкови

logo-print

Кумуцакос: Илузорно е ЕУ да заземе став во врска со хашката пресуда


Ако НАТО не се занимаваше со хашката пресуда, како барате друга институција која не е засегната со оваа пресуда да завземе став? Ако НАТО не се занимаваше со пресудата, илузорно е ЕУ да заземе став во врска со неа, изјави грчкиот европратеник Јоргос Кумуцакос во дискусиите пред донесувањето на заклучоците на Десеттиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет. „ Да ви кажам одговорно, ако некоја земја сака прашањето за името да биде решено - тоа е Грција. Решението на проблемот ќе придонесе за деблокирање на многу регионални стратегии од големо значење за Грција“ рече грчкиот европратеник и додаде: „Не прифаќам дека Грција не прави напори за компоросмис, тоа не е вистина и како Грк тоа не го прифаќам“.На прашањето како го коментира ставот на грчкиот европратеник, дека пресудата на Судот од Хаг не е обврзувачка за Европската унија, македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски рече дека е очигледно Кумуцакос не го разбрал образложението во пресудата на Меѓународниот суд, каде се вели дека „ветото на Самитот на НАТО во Букурешт има последици во континуитет во евро-атлантските перспактиви на Македонија”.
XS
SM
MD
LG