Достапни линкови

Грците сакаат преку фудбалот да ги заборават долговите


Георгиос Самарас

Георгиос Самарас

Грчката фудбалска репрезентација ќе настојува со добри резултати на ЕП 2012 да го подобри расположението на грците и да ги оттргне од мислите за големите долгови и финансиската криза.

Грчката фудбалска репрезентација ќе настојува со добри резултати на ЕП 2012 да го подобри расположението на грците и да ги оттргне од мислите за големите долгови и финансиската криза, изјави грчкиот напаѓач Георгиос Самарас.
Немам намера да кажувам големи зборови или да давам преголеми ветувања, но кога успеавме на мечот со Хрватска да обезбедиме учество на овој европски шампионат им погогнавме на луѓето во нашата земја да слават и барем на момент да избегаат од секојдневните проблеми. Нешто слично ќе се обидеме да направиме и овде во Полска и во Украина, рече Самарас.

Грција утре во Варшава, на отворањето на шампионатот игра против домаќинот, Полска.

Грција е на работ на банкрот и пред вратите за излез од евро-зоната, а ја чекаат и нови парламентарни избори. Истовремено, мора да спроведува остри мерки за штедење, на што се противат голем број грци. Затоа, грчките фудбалски репрезентативци се надеваат дека со добри резултати на шампионатот ќе успеат да ги развеселат грците барем во овој месец.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG