Достапни линкови

Македонски фудбал, што беше тоа?


Прослава 100 години фудбал во Македонија.

Прослава 100 години фудбал во Македонија.

Проблемите со кои се соочува македонскиот фудбал се многубројни. Клубовите се борат да ги исполнат и основните услови за натпреварување, а ако немаш квалитетна домашна лига, тогаш нема да биде успешна ни репрезентацијата. Вината треба да се бара кај Фудбалската федерација, но и кај сите засегнати страни, велат упатените.

Европското фудбалско првенство започна. Шеснаесет репрезентации во наредниот период ќе ги одмерат силите на стадионите во Украина и Полска. За жал нашата репрезентација учеството на еден ваков мундијал ќе го се сведе само на следење на натпреварите на телевизија, заедно со сите други љубители на овој спорт.
Клубовите не располагаат со терени, ретко кој клуб во Македонија поседува терен. А оние кој имаа терен тој е во слаба состојба, па тешко може да се рече дека има услови за одигрување на еден основен, пријателски натпревар. Замислете во Тетово на еден стадион играат три прволигашки екипи, а на тој стадион нема основни услови, како прво нема тоалет.

Црвено жолтите уште еднаш не успеаа да се изборат за пласман и квалификацискиот циклус го завршија на петото место со освоени осум бода. Македонските обожаватели на најважната споредна работа на светот ќе мора како и секогаш да се задоволат со навивање за некоја друга репрезентација. Дека сме далеку од учеството на некој мундијал на сите им е јасно, па дури и на најмалку упатените.

Македонскиот фудбал се повеќе тоне

Ако прва лига се Драчево и Синѓелиќ да му се плукнеш на тоа. Ако на најдобриот фудблаер му даваат најмногу 10 илјади евра за 4 години, што ќе игра тој човек, нема волја и колку и да е добар не може да оди напред.
Македонскиот фудбал се повеќе тоне, а тоа го покажува и ранг листата на ФИФА, каде репрезентацијата од највисокото 48 место кое го имаше пред неколку години сега се наоѓа на 101. Па така на социјалните мрежи можеа да се сретнат коментари дека кога не игра репрезентацијата, тогаш напредуваме. Катастрофална и разочарувачка е состојбата, признаваат и оние кои го посветиле животот на овој спорт.
Не само што нема услови за тренинг, туку нема услови ни кога се работи за играње. Од 12 екипи кои се натпреваруваат во првата лига, да се прашувам јас, јас на најмалку 10 не би им дал да се натпреваруваат ако немаат терени, не ги задоволуваат ни минималните услови за одигрување на еден првенствен натпревар.

Од сите екипи кои настапуваат во првата лига, дали две, три ги исполнуваат основните услови за натпреварување. Од несоодветна опрема, соблекувални и терени, до нерегулиран статус на фудбалерите кои настапуваат без професионални договори и без платени придонеси. Таква е сликата на македонскиот фудбал.

Претседателот на фудбалскиот клуб „Работнички“, Драган Поповски вели дека условите во кои тие работат се на најниско ниво, а основната причина е недостигот од инфраструктура.

„Клубовите не располагаат со терени, ретко кој клуб во Македонија поседува терен. А оние кој имаа терен тој е во слаба состојба, па тешко може да се рече дека има услови за одигрување на еден основен, пријателски натпревар. Замислете во Тетово на еден стадион играат три прволигашки екипи, а на тој стадион нема основни услови, како прво нема тоалет.“
Стадионот Филип втори во Скопје.

Стадионот Филип втори во Скопје.


Лошата состојба ја потврдува и еден од нашите најпознати тренери, Ѓоре Јовановски.

„Не само што нема услови за тренинг, туку нема услови ни кога се работи за играње. Од 12 екипи кои се натпреваруваат во првата лига, да се прашувам јас, јас на најмалку 10 не би им дал да се натпреваруваат ако немаат терени, не ги задоволуваат ни минималните услови за одигрување на еден првенствен натпревар.“
Немање на доволен број клубови, за инфраструктура да не зборуваме, катастрофа терени, лоши соблекувални. Јас веќе две години сум тренер и гледајќи ги условите каде што играме, каде што тренираме, се прашувам како сакаме, очекуваме, се надеваме да одиме некаде.

И поранешниот фудбалер, а сега тренер во „Металург“, Ѓорѓи Христов вели дека проблемите со кои се соочуваат секојдневно се многубројни.

„Немање на доволен број клубови, за инфраструктура да не зборуваме, катастрофа терени, лоши соблекувални. Јас веќе две години сум тренер и гледајќи ги условите каде што играме, каде што тренираме, се прашувам како сакаме, очекуваме, се надеваме да одиме некаде.“

Големите амбиции за учество на некое првенство завршија со срамни порази

Ако немаш квалитетна домашна лига, тогаш нема да имаш ни успешна репрезентација, бидејќи во неа земаат учество веќе изградени играчи. Токму затоа големите амбиции за учество на некое првенство завршија со срамни порази, нерешени резултати и критики од сите страни и малку радост на неколку поединечни успеси.

За тоа кога македонската репрезентација беше најблиску до посакуваната цел, пишува Борче Лозановски:
Додека не се сменат некои работи во државата и во тој фудбалски сојуз, никогаш нема да се постигне. Што треба да се направи? Да се извади политиката од фудбалот.

Џон Тошак, тренер на националниот тим.

Џон Тошак, тренер на националниот тим.

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација во изминатите 18 години настапи во 9 квалификациски циклуси, од кои 5 беа за Европско, а 4 за Светско првенство. Во поголемиот дел од овие кампањи влегувавме со големи амбиции, но во ниту една група не завршивме на повисоко место од четвртото. Тоа најдобро говори дека никогаш не сме биле ни блиску до некое врвно натпреварување, иако еднаш до самиот крај се боревме за настап во баражот за СП. Тоа се случи во битката за Мундијалот кој пред 14 години се одржа во Франција, кога на две кола пред крајот на квалификациите од нас зависеше дали ќе го освоиме второто место во групата. За жал, доживеавме два порази од Литванија, по што ни останаа само сеќавањата за неискористената шанса, која, да биде болката поголема, никогаш повеќе не се повтори.
Федерацијата наместо да им помага на клубовите, да ги советува, да им објасни како треба да функционираат, ние уште првиот чекор не сме го направиле. Државата ни помогна, не трансформира во акционерски друштва, меѓутоа сега топката е спуштена во федерацијата, а федерацијата треба да им помогне на сите клубови, особено на прволигашките, да им објасни како треба да работат.

„Тие квалификации за СП во Франција 98, бевме многу блиску, а во тогашно време на некој начин не бевме ни свесни колкава шанса имавме. Тогаш се надевавме дека многу бргу ќе дојде следна прилика и ќе ја искористиме, ако не нашата генерација, тогаш некоја генерација после нас. Но, очигледно е дека помина многу време, многу Европски и Светски првенства и од циклус на циклус нашата фудбалска репрезентација е се подалеку и подалеку од тоа второ место и од некој бараж или пласман што би не однесол на некоја завршница“, изјави тогашниот голгетер во националниот тим, Ѓорѓи Христов.

Тој жали што ниту една наредна генерација, не се најде во слична ситуација, за што проблемот го лоцира во квалитетот на играчкиот кадар
Продавач на навивачки реквизити.

Продавач на навивачки реквизити.


„Тогаш, самата атмосфера во репрезентацијата беше многу подобра, многу поведра. Во тој период имавме играчи кои настапуваа во едни лиги како Англија, Германија, Шпанија и на некој начин тоа доволно кажуваше со какви квалитети располага репрезентацијата и не случајно се боревме до самиот крај. За жал сега, во оваа генерација освен Пандев што игра во квалитетна лига и Новески, ако заборавам сега некој, мислам дека немаме доволен број на играчи што настапуваат во квалитетени лиги. И тука едноставно треба да се бара проблемот“, додава актуелниот тренер на македонскиот вицешампион Металург.
Фудбалот од сите спортови е на најсниските граници и мислам дека се од почеток треба да се прави, да се работи и од најмалите гранки до сега што е било да се заборави и пак од почеток да се почне.

Според Христов, континуираните успеси се незамисливи и за во иднина. Затоа, уште долго ќе се радуваме само на поединечни успеси, како што беа победите над Република Ирска, Хрватска и Шкотска или реми дуелите со Англија, Холандија, Турција, Данска... Но, и ќе ни се случуваат срамни порази од Андора, Луксембург, Ерменија... или нерешени резултати со Естонија, Андора, Лихтенштајн и слични аматерски селекции, што не доведе до 101-вото место на ранг листата на ФИФА.

Кога се во прашање пласманите во квалификациите, дури 6 пати го освојувавме четвртото, а три пати петтото место во групата. За континуираниот пад говори и фактот што полошата позиција ја избегнавме само еднаш во последните 4 циклуси, а, според рејтингот, големи се шансите во следните квалификации за СП во Бразил 2014-та година, да паднеме и на последното скалило. Ова поради тоа што имаме убедливо најслаб ранкинг во групата во која се и селекциите на Хрватска, Србија, Велс, Шкотска и Белгија.

Сите што на некој начин сме инволвирани, меѓу нив се сметам и себеси, имаме своја вина што фудбалот е на ова скалило. Најголемиот проблем е во клубовите, се додека клубовите не размислуваат долгорочно, што значи да им се створат услови за тренирање, не може да играме фудбал, значи најголем проблем е во условите.
Парите што ги добива за развој на фудбалот, Федерацијата ги троши за нешто друго

Досега имаше неколку обиди за ставање крај на владеењето на првиот човек на Фудбалската федерација Харалампие Хаџи Ристески. Иницијаторите за негова смена треба да се сретнат на 23 јуни, а најавија дека нема да ги поколебаат и дисциплинските постапки кои беа покренати. Некаков напор за промена на ФФМ покажаа и навивачите кои на социјалните мержи се мобилизираа, но на протестите се појавија само околу 100 лица.

Сите сме свесни дека фудбалот тоне, вели македонската фудбалска легенда Васил Рингов. Најголемиот проблем, според него, лежи токму во федерацијата, која парите што ги добива за развој на фудбалот ги троши за нешто друго.

„Федерацијата наместо да им помага на клубовите, да ги советува, да им објасни како треба да функционираат, ние уште првиот чекор не сме го направиле. Државата ни помогна, не трансформира во акционерски друштва, меѓутоа сега топката е спуштена во федерацијата, а федерацијата треба да им помогне на сите клубови, особено на прволигашките, да им објасни како треба да работат.“

И Поповски вели дека основниот двигател на фудбалот во Македонија треба да биде ФФМ.

Нас ни треба работа со тие млади категории, јас упорно тоа го кажувам и тврдам дека кај нас проблемот е во тие млади селекции, почнувајќи од таа пионерска, кадетска репрезентација, затоа што сакале или не тие дечиња многу брзо доаѓаат во репрезентација и додека не ги решиме проблемите, не Тошак, не Мурињо, кој сака нека дојде нема да ни помогне.
„Единствено во Македонија фудбалската федерација не им помага на клубовите во подобрувањето на условите. Иако ФФМ добива фондови за таа работа, иако постoи само заради клубовите, да ги подобри условите во фудбалот, тоа фудбалската федерација до сега го нема направено.“

Од осамостојувањето на Македонија, па досега немало стратегија за развој на фудбалот, смета Ѓоре Јовановски. Вината не е само кај ФФМ, туку кај сите инволвирани страни, вели тој.

„Сите што на некој начин сме инволвирани, меѓу нив се сметам и себеси, имаме своја вина што фудбалот е на ова скалило. Најголемиот проблем е во клубовите. Се додека клубовите не размислуваат долгорочно, што значи да им се створат услови за тренирање, не може да играме фудбал, значи најголем проблем е во условите.“

Според Рингов, треба да им се помогне на клубовите во организацијата, бидејќи не знаат како да функционираат. Тој ќе биде дел од комисијата на фудбалски великани која ќе ја формира Агенцијата за млади и спорт, чија цел ќе биде да работи на развојот на фудбалот.

„Се донесе прекрасен закон за спорт според кој фудбалските клубови станаа акционерски друштва. Е сега треба да се оди од град во град, од клуб до клуб, да им се објаснува како да функционираат. Еднаш треба да се каже, почнуваме од нула, да се подобри лигата, оти без добра домашна лига, нама успех и напредок.“

Неоспорно е дека талент има, а тоа го покажуваат ретките примери на поединци кои имале среќа да заиграат во квалитетните европски лиги и на тој начин да ги израдуваат домашните фанови. За да тргне работата на подобро потребно е да се работи со младинските екипи, за потоа Македонија да добие репрезентација каква што посакува, вели Христов.

„Нас ни треба работа со тие млади категории, јас упорно тоа го кажувам и тврдам дека кај нас проблемот е во тие млади селекции, почнувајќи од таа пионерска, кадетска репрезентација, затоа што сакале или не тие дечиња многу брзо доаѓаат во репрезентација и додека не ги решиме проблемите, не Тошак, не Мурињо, кој сака нека дојде нема да ни помогне.“

Според Поповски, кога повторно би почнале од нула, тогаш има шанси репрезентацијата да постигне некакви резултати.

„Додека не се почне од почеток во сите клубови, па од сега да се мисли на генерациите што евентуално за 4 или 5 години ги постигнале резултати, нема да имаме резултати.“
Граѓаните кои ги анкетиравме не очекуваат македонската фудбалска репрезентација да се пласира на некое првенство и тие имаа свои сугестии за подобрувањето на спортот.

„Додека не се сменат некои работи во државата и во тој фудбалски сојуз, никогаш нема да се постигне. Што треба да се направи? Да се извади политиката од фудбалот.“

„Фудбалот од сите спортови е на најсниските граници и мислам дека се од почеток треба да се прави, да се работи и од најмалите гранки до сега што е било да се заборави и пак од почеток да се почне.“

„Треба да се пуштат младите да играат, мислам дека младите повеќе ќе се борат, затоа што од старите сме виделе што покажале и колку знаат. А треба да се земат и повеќе луѓе кои играат во странство.“

„Ако прва лига се Драчево и Синѓелиќ да му се плукнеш на тоа. Ако на најдобриот фудбалер му даваат најмногу 10 илјади евра за 4 години, што ќе игра тој човек, нема волја и колку и да е добар не може да оди напред.“

Црни прогнози за иднината на фудбалот

Шансата да ја видиме нашата репрезентација на некое големо натпреварување и за нашите соговорници е речиси невозможна и ќе треба да поминат години за желбата на сите фанови на овој спорт да се оствари.

„Јас мислам дека ако вака работиме и понатаму, подобрувањето не е прашање на години, туку на светлосни години“, вели Драган Поповски.

„Не знам дали ќе го доживееме“, вели Рингов.

„Од ден на ден нас ни нема спас, нашиот фудбал само оди надолу, жално и тажно е еден тренер да го кажува ова, но немаме фудбалска иднина и тоа мора јавно да се каже“, вели Христов.


Желбата за победи и добри пласмани на меѓународно ниво сепак ќе ја здоволуваме со другите спортови, како ракометот и кошарката кои во последен период бележат успеси. Фудбалот барем се надеваме дека повторно нема да биде мета на скандали со местење на натпревари, како што беше случајот со Победа, која доби осум години суспензија за учество во еврокуповите.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG