Достапни линкови

Декриминализација за решавање на сложените проблеми во медиумите


Декриминализацијата за послободно и поодговорно новинарство значи прв чекор во решавање на сложените проблеми во медиумите, изјави претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани. Тој додаде дека со високите казни нема да се постигне вистинскиот ефект. Селани посочи дека декриминализацијата не значи дека новинарите нема да имаат одговорност доколку навредат и клеветат некоја личност. „Овие две дела ќе се уредат во граѓански закон, каде во граѓанска постапка ќе се утврди одговорноста на новинарите, како и на сите кои ќе направат такви дела против честа и угледот на кој било граѓанин“ рече првиот човек на ЗНМ.
XS
SM
MD
LG