Достапни линкови

logo-print

Осуда за однесувањето на членот на „Златна Зора“


Грчката Влада денеска го осуди однесувањето на портпаролот на Златна зора, Илиас Касидиарис кој физички нападна две кандидатки за пратенички за време емисија во живо на Антена ТВ, јави дописникот на МИА од Атина. „Овој напад е напад врз секој демократски граѓанин. Најмалку што секој демократски граѓанин може да го очекува е партијата на Касидиарис, Златна зора, безрезервно да го осуди овој настан“ изјави портпаролот на грчката Влада Димитрис Циодрас. ПАСОК, Сириза и партијата Независни Грци во меѓувреме, соопштија дека нема да учествуваат во ниту една панел дискусија на радио или телевизија каде што ќе има кандидати на Златна зора.
XS
SM
MD
LG