Достапни линкови

Член на Златна зора физички нападна политичари во емисија во живо


Членот на грчката неонацистичка партија Златна Зора Илиас Касидиарис трипати ја удрил по лицето пратеничката на комунистите Лиана Канели за време на емисија во живо на грчката телевизија Антена. Канели го предизвика Касидиарис откако тој истури чаша со вода врз пратеничката на Сириза Рена Дуру. Канели единствена го предизвика Касидиарис, додека неколку мажи гости во студиото, меѓу кои беше и поранешниот министер за внатрешни работи на Нова демократија останаа на своите места. Издаден бил налог за апсење на Касидиарис кој ведннаш по инцидентот избегал од студиото.
XS
SM
MD
LG