Достапни линкови

Шангајската група против воена интервенција во Иран


Лидерите на Шангајската организација за соработка на крајот од нивниот состанок во Пекинг усвоија заедничка изјава во која се вели дека е неприфатлив секаков обид за употреба на сила за решавање на проблемот со Иран. Тоа, според лидерите на Кина, Русија, Казахстан, Киргизстан, Таџикистан и Узбекистан, ќе претставува закана за глобалната безбедност. Во врска со ситуацијата во Сирија, Шангајската група апелира на дијалог без воена интервенција од странство.
XS
SM
MD
LG