Достапни линкови

Николиќ на состанок со претставници на косовските срби


Претседателот на Србија Томислав Николиќ

Претседателот на Србија Томислав Николиќ

Претседателот на Србија Томислав Николиќ денеска во Белград ќе се состане со претседателите на општините во северниот дел на Косово. ,,Треба да знаеме кои се нашите обврски. Не е добро граѓаните да излегуваат на улица и да им се загрозува безбедноста, ако веќе нешто било договорено и потпишано во Брисел,, изјави за агенцијата Бета, претседателот на општина Косовска Митровица Крстимир Пантиќ. Претседателот Николиќ во саботата најави дека граѓаните на Србија наскоро ќе знаат што точно Белград има договорено со Приштина.
XS
SM
MD
LG