Достапни линкови

Меркел за Европа со две брзини


Германскиот канцелар Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска изјави дека е за изградба на политичка унија во Европа, но доколку некои земји го блокираат тоа, тогаш таа би ја прифатила идејата за Европа со две брзини. Меркел за германската телевизија додаде дека проблемите со еврозоната нема да можат да се решат наеднаш, а посебно не на претстојниот самит на Европската унија планиран за кон крајот на јуни. Денеска во Берлин Меркел ќе се сретне со британскиот премиер Дејвид Камерон кој синоќа изјави дека Германија не може самата да се справува со кризата во еврозоната. Според него, потребни се низа мерки и затоа ниту еден од лидерите на ЕУ не може да биде издвоен од одговорност.
XS
SM
MD
LG