Достапни линкови

Платини: расизмот не е само фудбалски проблем


Претседателот на УЕФА Мишел Платини
Претседателот на УЕФА Мишел Платини

Претседателот на на УЕФА Мишел Платини потврди дека била присутна голема загриженост заради расизмот на ЕУРО 2012.

Европското фудбалско првенство што почнува на 8 јуни стимулираше голем ентузијазам не само во врска со убавата игра, туку и во однос на големиот градежен бум и новите стадиони и сообраќајници во земјите домаќини: Полска и Украина.

Но, од друга страна, ЕУРО 2012 е зесенчено од гласовите и обвинувањата дека расизмот и антисемитизмот се распостранети во овие две држави. Фудбалските навивачи се прашуваат дали навистина е така и дали би требало да останат дома.


Претседателот на Европската фудбалска федерација, УЕФА, Мишел Платини на прес конференцијата во Варшава потврди дека била присутна голема загриженост поради расизмот, кој како што оцени, е меѓу најлошите работи кои постојат во светот.

,,Презедовме некои суштински мерки и судиите имаат дозвола да прекинат натпревар доколку има такви расистички испади.,,

изјави Платини кој додаде дека расизмот е проблем во целиот свет.

,,Не мислам дека има повеќе расизам во Полска и Украина отколку во Франција и Англија, или на некое друго место. Тоа, како што изјави Платини е општествен проблем.

,,Изборот беше пред 4 години и тогаш сите го славеа отворањето на Полска и Украина. Европскта комисија, сите источноевропски земји оценија дека тоа е добра авантура. И се до пред шест месеци. Дали треба да направиме измени бидејќи Тимошенко била хоспитализирана и тие не сакаат да ја пуштат? Како сакате да го направиме тоа? Велам оставете ја политиката на политичарите,, изјави претседателот на УЕФА Мишел Платини, кој од фудбалерите побара убава забава.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG