Достапни линкови

Уапсен осомничен за бомбашкиот напад на училиште во Италија


Припадници на италијанската полиција

Припадници на италијанската полиција

Италијанските медиуми јавија дека полицијата го уапсила осомничениот за смртоносниот напад на училиште во јужниот дел на земјата во минатиот месец. Во бомбашкиот напад во градот Бриндиси загина едно 16 годишно девојче, а пет лица беа повредени. Според извештаите, 68 годишниот осомничен, чии мотиви се опишани како лична одмазда, наводно го признал делото.
Директорот на училиштето претходно предавал во Лече од каде што потекнува осомничениот.
XS
SM
MD
LG