Достапни линкови

Невладините се како непожелен гостин на свадба


Невладините сметаат дека поради тоа што се непрофитни организации не треба да подлежат на истите закони на кои подлежат и трговските друштва, особено во делот на данокот на добивка.

Невладиниот сектор во земјава е третиран како непожелен гостин на свадба, којшто не се знае од чија страна е дојден, но ете дошол, па ќе го толерираме, ама никој не му кажува каде да седне и никој не разговара со него. Вака Лилјана Ристевска од Институтот отворено општество ја опиша состојбата со граѓанскиот сектор во законската регулатива, особено во делот за плаќање на даноците кон државата и нивното правно функционирање.
Нашето постоење се влече во некоја сива зона во законот кој на пример го третира данокот на непризнаени расходи најмногу, па и во другите даноци. Законодавецот имал некоја своја перцерпција на непризнаени расходи кога го правел даночниот биланс за комерцијалниот сектор, меѓутоа истиот даночен биланс го изготвуваме и ние.

„Нашето постоење се влече во некоја сива зона во законот кој на пример го третира данокот на непризнаени расходи најмногу, па и во другите даноци. Законодавецот имал некоја своја перцерпција на непризнаени расходи кога го правел даночниот биланс за комерцијалниот сектор, меѓутоа истиот даночен биланс го изготвуваме и ние. И сега ние имаме на пример програми за стипендирање на ученици Роми, тоа е многу убав проект на УСАИД и Фондацијата отворено општество. Е сега овие стипендии значи јас треба да ги декларирам како непризнаен расход. Тоа е крајно несоодветен третман.“

Jас тука би се согласил дека има доста простор за понатамошно развивање на законот, меѓутоа не е толку едноставно да се напише закон. Граѓанскиот сектор треба да покаже иницијатива, да се избори пред законодавецот со свои предлози и решенија за да оствари некаков напредок.
Кога е во прашање даночната рамка, граѓанските организации, сметаат дека се третирани исто како комерцијалните бизниси. Невладините сметаат дека поради тоа што се непрофитни организации и работат за општествен интерес не треба да подлежат на истите законски решенија на кои подлежат и трговските друштва, особено во делот на данок на добивка. Проблем се и големите давачки кои ги имаат невладините орагнизации кон државата со што се доведува го доведува до прашање и одржливоста на граѓанскиот сектор.

Никица Кусениковска од здружението „Конект“ вели дека постои проблем во оданочувањето на донациите и спонозорствата на фондации на кои тоа им е примарна цел.

„Сега во процесот на измени на законот за донации и спонозорства го дадовме како препорака и се надеваме дека ќе остане и во крајната верзија на текстот и дека фактички во законот за донации и спонозрства ќе се направи интервенција каде што ќе се изземат донациите и спонзорствата и на тој начин да се обидеме да го премостиме овој проблем којшто е навистина суштински. Значи покажува суштинско непознавање на работата на здруженијата и особено на фондациите.“

Таа додава дека претпоставката дека спонзорствата и донациите се темел за злоупотреби, без конкретни податоци и истражувања за можни злоупотреби, е само на ниво на шпекулации и тоа му наштетува на граѓанскиот сектор.

Претставникот од министерството за финасии Борче Смилевски вели дека од апсект на даночната политика, граѓанскиот сектор како посебен сектор во општеството треба да добие посебно внимание.

„Jас тука би се согласил дека има доста простор за понатамошно развивање на законот, меѓутоа не е толку едноставно да се напише закон. Граѓанскиот сектор треба да покаже иницијатива, да се избори пред законодавецот со свои предлози и решенија за да оствари некаков напредок.“

Експертот за даночни прашања Славко Лазовски смета дека решенијата треба да се одвиваат по две линии: според тип на организации кои имаат право на ослободување или олеснување на одреден вид на данок и според вид на приход, односно кој вид на извор на приход ќе биде даночно ослободен.

Еден до заклучоците на семинарот организиран во рамките на на проектот Техничка поддршка на граѓанските организации – ТАКСО, е потребата од усогласување на даночните закони за олеснувањата кои се предвидени со Законот за здруженија и фондации, да им бидат достапни на граѓанските организации и да им се овозможи полесно функционирање.

Проектот „Техничка поддршка за граѓанските организации – ТАКСО“, е финансиран од Европската унија, како дел од Структурата ИПА за поддршка на граѓанското општество.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG