Достапни линкови

Партиското финансирање - проблем само на опозицијата?


Државните органи поднесуваат пријави за незаконско финансирање само за опозицијата. Експертите се сомневаат во селективност.

И покрај обидите и декларираната волја процесот да се направи транспарентен, финансирањето на политичките партии останува прилично проблематично и недостапно за јавноста. Иако законската регулатива овозможува целосно спроведување на процесот, за стручната јавност проблемот лежи во селективното работење на надлежните органи.
Доста е симптоматично и индикативно соопштението и најавите и изјавите од антикорупционерите кога тие само за два субјекти во целиот изборен процес утврдиле дека има повреди на постапката, односно повреда на финансиското работење, финсирањето и финсиите
Осман Кардиу, универзитетски професор.

„Доста е симптоматично и индикативно соопштението и најавите и изјавите од антикорупционерите кога тие само за два субјекти во целиот изборен процес утврдиле дека има повреди на постапката, односно повреда на финансиското работење, финсирањето и финсиите“, изјавува професор Осман Кадриу.
Бранко Црвенковски на предизборен митинг на СДСМ во Врапчиште.
Бранко Црвенковски на предизборен митинг на СДСМ во Врапчиште.

Во последниот извештај на антикорупциската комисија во делот за спречување на корупцијата во политиката во врска со парламентарните избори во 2011 година таа достави три иницијативи за кривично гонење до јавниот обвинител поради сомневање за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања и тоа против коалицијата предводена од СДСМ и против управителот на А1 телевизија и Плус продукција.
Во она што се објави е јасно дека водечка во прекршувањето на тие постапки, а водечка е и во трошењето на пари е најголемата владејачката партија. Искрено мене ниту една друга не ме интересира, ако најголемата владеачка партија е на врвот на списокот за најголеми прекршувања во финасирањето на партијата.
Сашо Орданоски, Транспарентност Македонија.

Јасно е дека надлежните органи не функционираат или функционираат селективно што е последица на недостиг на политичка волја во што лежи единствената пречка да мрдне процесот, вели аналитичарот и поранешен претседател на Транспарентност Македонија, Сашо Орданоски.

„Имате веќе задушен медиумски простор кој може да биде „воч дог“ за тие прашања, имате задушен невладин простор кој може да биде втор „воч дог“ и имате една крајна неволност на сите регулаторни тела, една крајна селективност на сите органи за прогон во кои се третира таа проблематика.“

Дури и овие информации кои протекоа во јавноста веќе се доволни за акција на надлежните органи, велат аналитичарите. Но, проблемот лежи во тоа што прва на списокот за преиспитување треба да биде партијата која е на власт, апелира Орданоски.

„Во она што се објави е јасно дека водечка во прекршувањето на тие постапки, а водечка е и во трошењето на пари е најголемата владејачката партија. Искрено мене ниту една друга не ме интересира, ако најголемата владеачка партија е на врвот на списокот за најголеми прекршувања во финасирањето на партијата, зошто треба да се интересираме за некоја седма партија која претставува да речеме седум илјади гласачи во Македонија.“

Ако не се тргне од сопствениот двор, се друго е селективно и може да се претпостави дека не е воопшто тешко да се осуди некој како што е лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, заклучува Орданоски.
XS
SM
MD
LG