Достапни линкови

Нападнато дипломатско претставништво на САД во Либија


Американската амбасада во Триполи беше запалена во септември минатата година

Американската амбасада во Триполи беше запалена во септември минатата година

Просториите на американската дипломатска мисија во источниот либијски град Бенгази биле нападнати, јавуваат медиумите. За сега нема информации за жртви. Дипломатски извори потврдуваат дека кон зградата била фрлена импровизирана експлозивна направа. Припадник на безбедносните сили во Бенгази изјави дека одговорноста за напдот ја превзела групата на Омар Абдел Раман, која во оставеното писмо упатила закани за американските интереси во северноафриканската држава. Раман, попознат како слепиот шеик, отслужува доживотна затворска казна во Соединетите американски држави, под обвиненија за заговор.
XS
SM
MD
LG