Достапни линкови

Русија и Кина против воена интервенција во Сирија


Претседатлот на Кина Ху Џинтао и неговиот руски колега Владимир Путин заеднички се спротиставија на било каква интервенција во Сирија и на нови санкции против Иран. „Русија и Кина одлучно се против регулирање на сиријската криза со надворешна воена интервенција“ се наведува во заедничката писмена изјава на двајцата лидери. Во документот се додава дека двете земји исто така се противат на „користење на сила или закани за воена сила кон Иран како и одобрување на унилатерални санкции“ поради нуклеарната програма на Исламската република.
XS
SM
MD
LG