Достапни линкови

logo-print

ЕУ бара нов договор меѓу Обединетите нации и Иран


Европската унија апелираше до иранските власти да склучат нов договор со Меѓународната агенција за атомска енергија и без одлагање да одговорат на прашањата за можните воени димензии на нуклеарната програма на Исламската република. Иран треба да демонстрира политичка инволвираност соодветна на уверувањата на официјален Техеран дека ќе соработува со Агенцијата на Обединетите нации, се вели во соопштението на Унијата. Претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија и на иранските власти ќе се сретнат во Виена во петок на разговори за склучување на нов договор.
XS
SM
MD
LG