Достапни линкови

Трошењето државни пари - строго доверливо


Сомнително спроведени јавни набавки и нетранспарентност при трошенњето народни пари не се одлика на едно демократско општество, велат експертите.

Нетранспарентноста во трошењето државни пари, изразена преку сомнително спроведени јавни набавки како практика на централната власт од минатата година стана практика и на локалната власт, оценуваат во Транспарентност Македонија.
Случајот со општина Центар, односно со мегаломанскиот проект Скопје 2014-та. Транспарентност Македонија побара одговор за тоа колку пари се потрошени, меѓутоа добивме одговор дека таков проект воопшто и не постои. Сега имаме тужба кон општина Центар во Управен суд, се надеваме дека ќе добиеме информација колку пари се потрошени за овој проект.
Ана Јаневска Делова,Транспарентност Македонија.

Во ревизорските извештаи објавени во 2012 беа констатирани бројни непочитувања на законските прописи при спроведувањето на јавни набавки. Во оваа смисла некои од подрастичните случаи на кои реагираше Транспарентност Македонија го вклучуваат случајот со општината Центар, изјави Ана Јаневска Делова.
Министерот за финансии Зоран Ставрески зборува за собраниска седница за ребаланс на буџетот на 29 мај 2012 година.
Министерот за финансии Зоран Ставрески зборува за собраниска седница за ребаланс на буџетот на 29 мај 2012 година.

„Случајот со општина Центар, односно со мегаломанскиот проект Скопје 2014-та. Транспарентност Македонија побара одговор за тоа колку пари се потрошени, меѓутоа добивме одговор дека таков проект воопшто и не постои. Сега имаме тужба кон општина Центар во Управен суд, се надеваме дека ќе добиеме информација колку пари се потрошени за овој проект.“

Во Собранието во тек е расправа за ребалансот на буџетот. Опозицијата смета дека диксусија без да се разоткрие висината на долгот на државата кон фирмите е како скок во темница. На седницата која е отворена во тек е поднесување неколку закони предложени од СДСМ со кои се инсистира на транспарентно објавување на начинот на трошење на сретствата особено на висината на долгот што државата го има кон фирмите.
Клучна работа и клучен застој во нормалните економско – финсиски текови е токму долгот што владата не го соопштива јавно. Замислете во тек е расправа по првиот ребланс на буџетот во 2012-та, а ние оперираме со фиктивни борјки со оглед на тоа што се уште јавниот долг никој не го знае во вистинската големина.
Весна Бендевска, СДСМ.

„Клучна работа и клучен застој во нормалните економско – финсиски текови е токму долгот што владата не го соопштива јавно. Замислете во тек е расправа по првиот ребланс на буџетот во 2012-та, а ние оперираме со фиктивни бројки со оглед на тоа што се уште јавниот долг никој не го знае во вистинската големина“, вели Весна Бендевска.

Транспарентноста не е институција која зависи само од министерот. Има и други институции кои се надлежни да го следат текот на парите, изјави Талат Џафери од ДУИ.

„Државниот завод за ревизија е најсоодветен орган којшто може да ги има овие информации и не мислам дека Министерството за финасии во секој момент треба промптно да каже за податоците кои по редот на нештата периодично се одлеваат таму каде што е потребно да се одлеваат.“

Основна работа на секоја демократска власт е да дава отчет кај ги троши парите. Опозицијата досега неколку пати поднесе барања за формирање ново собраниско тело кое ќе ги разгледува не само ревизорските извештаи, туку и јавно ќе говори за начинот на кој се трошаат тие пари. Досега од Министерството за финансии немаше прецизен одговор колку државата им должи на фирмите со образложение дека тоа се работи кои се менуваат.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG