Достапни линкови

Инвестиции во нови технологии за побрз развој


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески пушта во употреба погон за конфекциско перење и сушење во Стојаково на 5 април 2012.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески пушта во употреба погон за конфекциско перење и сушење во Стојаково на 5 април 2012.

Без инвестиции во нови технологии и свеж капитал во нови производи не може да се очекува подобра економска перспектива, велат економистите.

Без развој во компаниите, без инвестиции во нови технологии и свеж капитал во нови производи не може да очекуваме подобра економска перспектива. Според економистите, ситуацијата во земјава е загрижувачка и затоа е неопходен систем од реални мерки кои ќе му помогнат на стопанството.
Владата како работадавец којшто одеше во непродуктивни инвестиции си го реши својот проблем преку субвенциите кои ги дава на земјоделците, успеа да го ублажи тој удар, но не може да го ублажи ударот на извозните компоненти, бидејќи тоа е работа исклучиво на менаџерите.

„Владата како работадавец којшто одеше во непродуктивни инвестиции си го реши својот проблем преку субвенциите кои ги дава на земјоделците, успеа да го ублажи тој удар, но не може да го ублажи ударот на извозните компоненти, бидејќи тоа е работа исклучиво на менаџерите“, изјави стопанственикот Зоре Темелковски.

Според експертите, владините мерки се насочени кон одредени целни групи и оттука и сомневањата дека истите можат да помогнат да се надмине тешката состојба.

Последниот извештај за економски развој на земјите од Западен Балкан изработен од Светската Банка зборува за невработеноста во Македонија како сериозен проблем, но и за недоволната искористеност на извозот.
Да се влијае и да се направи план во делот на образованието, да се знае кој и каде треба да се профилира, да се види дали имаме можност да се инвестира во некоја нова индустрија па да видиме и тука кои се нашите потреби.

Според Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи, невработеноста е сложен проблем кој не може да се реши со краткорочни мерки.

„Да се влијае и да се направи план во делот на образованието, да се знае кој и каде треба да се профилира, да се види дали имаме можност да се инвестира во некоја нова индустрија па да видиме и тука кои се нашите потреби.“

Најголемата невработеност во земјава е структурна и истата е резултат на приватизацијата, вели Хаџимустафа. Армијата на невработени треба да се дообразува и доквалификува за тековните и идните потреби на пазарот на труд.

„Да ја разработиме самата индустрија во насока да биде подиферзифицирана, понасочена кон изработка на финални производи.“

Последните податоци на Заводот за статистика зборуваат за драстично намалување на македонскиот извоз. Така на пример во април годинава нашиот извоз во странство паднал за цели 28 проценти во однос на истиот месец лани. Стопанствениците ја посочуваат светската економска криза како главен виновник за падот на извозот - странците им ги откажуваат нарачките на нашите компании, а станува неизвесно и склучувањето нови зделки.

„Значи моменталната ситуација може да се реши со доинвестирање во посовремени технологии и пуштање на нови производи на пазарите“, изјави Темелковски.

Владата деновиве најави пакет мерки со кои смета дека ќе ја подобри економската слика на земјава, но само дел од нив се однесуваат конкретно на стопанството. Се обезбедуваат евтини кредити во вкупен износ од 111 милиони евра за кои Владата се надева дека ќе помогнат барем да се избегнат отпуштања во компаниите.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG