Достапни линкови

logo-print

Горниот дом на рускиот парламент гласаше ЗА анти -протестниот закон


Горниот дом на рускиот парламент го одбри законот со кој драстично ќе се зголемат казните врз демонстрантите и ќе се прошири листата на казнивите дела на уличните собири. Тој претходно синоќа беше одобрен и од Долниот дом. Контроверзниот закон беше усвоен по повеќе од 10 часа жестока дебата во Државната дума, поради обидот на опозициските пратеници да го одложат гласањето со поднесување на околу 400 амандмани. Законот треба да биде потпишан и од претседателот Владимир Путин.
XS
SM
MD
LG