Достапни линкови

logo-print

Убиството на Ал Либи е голем удар врз Ал Каеда


Абу Јахја ал Либи

Абу Јахја ал Либи

Американски преставници изјавија дека е убиен второ рангираниот во Ал Каеда Абу Јахја ал Либи при напад со беспилотно летало во Пакистан.
Тоа, според портпаролот на Белата Куќа Џеј Карни, е голем удар врз терористичката мрежа.
Карни го опиша Либи како исламски ученик од Либија, оперативен лидер и генерален менаџер на Ал Каеда.
Се смета дека позициите на Ал Каеда во племенските зони во Пакистан се ослабени со нападите на беспилотните летала.
XS
SM
MD
LG