Достапни линкови

ТИ: Корупцијата опасност за европската економија


Тесните врски меѓу бизнисот и власта овозможуваат појава на корупција која ја поткопува економската стабилност во Европа. Ова се наведува во најновиот извештај на Транспаренси интернешнал ,,Пари, политика и власт: корупциски ризици во Европа,, што е објавен денеска. Во него се оценува дека ниту една европска земја не е имуна од корупција и оти во последно време овој вид на криминал е во пораст. Најслаби играчи во борбата против корупцијата во Европа, како што се додава, се политичките партии, бизнисот и јавниот сервис.
XS
SM
MD
LG