Достапни линкови

Дводневен самит во Пекинг


Логото на Шангајската организација за соработка

Логото на Шангајската организација за соработка

Шефовите на државите членки на Шангајската организација за соработка се собраа во кинескиот главен град Пекинг на дводневниот самит. Безбедноста во Централна Азија и ситуацијата во Авганистан се централните теми на разговори на самитот. Официјална Кина соопшти дека групата најверојатно ќе даде зелено светло за планот за борба против тероризмот. На самитот ќе се разговара и за развојот на инфраструктурата и финансирање на проекти во Централна Азија.
Шангајската oрганизација за соработка е основана во 2001 година со цел подобрување на безбедносната соработка помеѓу своите членови, но во меѓувреме таа го прошири својот фокус на работа преку дискусии за покривање на економски, културни и други форми на соработка.
XS
SM
MD
LG