Достапни линкови

Продолжуваат консултациите за формирање на нова српска влада


Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска ќе ги продолжи консултациите за формирање нова влада со претставниците на избирачкиот список на Демократската партија. Според најаваите, на состанокот кандидатот за премиер на Демократската партија, Борис Тадиќ ќе го информира Николиќ дека постои парламентарно мнозинство кое го сочинуваат ДП, коалицијата околу Социјалистичката партија на Србија, Либерално-демократската партија и Партијата на малцинството.
Лидерот на СПС, Ивица Дачич пак ги негираше тврдењата дека постои парламентарно мнозинство, укажувајќи дека треба уште да се разговара за односот кон Косово и република Српска, како и за економската политика на идната влада.
XS
SM
MD
LG