Достапни линкови

„Да“ за контроверзниот закон за улични собири во Русија


Зградата на руската Дума

Зградата на руската Дума

Долниот дом на парламентот на Русија го одобри контроверзниот закон со кој драстично ќе се зголемат казните врз демонстрантите и ќе се прошири листата на казнивите дела на уличните собири. Предлог-законот беше усвоен по повеќе од 10 часа жестока дебата во Државната дума, поради обидот опозициските пратеници да го одложат гласањето со поднесување на околу 400 амандмани. Предлог-законот се очекува да биде усвоен од страна на Горниот дом оваа недела. Истиот потоа треба да го потпише претседателот Владимир Путин. Околу 20 активисти кои протестираа пред зградата на парламентот во текот на дебатата беа приведени од страна на полицијата.
XS
SM
MD
LG