Достапни линкови

Републиканецот Вокер го победи демократот Барет во Висконсин


Гувернерот Скот Вокер ги преживеа повторените избори во американската држава Висконсин. Според извештаите на американските медиуми републиканецот Вокер освоил околу 60 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат од Демократската партија Том Барет 39 насто. Повторните избори беа форсирани од страна на противниците на законот усвоен од страна на гувернерот Вокер минатата година.
Со законот се предлага државните работници да плаќаат повеќе за здравствено осигурување и пензии и да се ограничат нивните плати.
На овие избори се гледа како на барометар на американската политичка клима пред претседателските избори во ноември.
XS
SM
MD
LG