Достапни линкови

Либерман: Израел ќе се извини на Турција, ако САД се извинат на Пакистан


Авигдор Либерман

Авигдор Либерман

Израел ќе се извини на Турција, само ако Пакистан добие извинување од САД, изјави израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман. Според Либерман Израел нема зошто да се извинува на Турција за нападот врз турскиот брод „Мави Мармара“ на 31 мај 2010 година при што загинаа девет Турци, освен ако Соединетите Држави не се извинат за 24-те пакистански војници, убиени при воздушен напад во ноември минатата година. Бродот „Мави Мармара“ беше дел од меѓународен конвој со хуманитарна помош за појасот Газа.
XS
SM
MD
LG