Достапни линкови

Сирија дозволи влез на 17 агенции на Обединетите нации


Сиријската влада дозволи влез на 17 агенции на Обединетите нации и невладини организации во земјата. Одлуката се случува откако сиријските власти прогласија 17 дипломати за „персона нон грата“, меѓу кои и странски претставници на Соединетите американски држави, Британија, Франција и Турција. Соопштението на сиријското министерство за надворешни работи следи по одлуката на неколку западни земји да ги избркаат сиријските дипломати по масакрот во Хула, во кој беа убиени над 100 лица, повеќето од кои жени и деца.
XS
SM
MD
LG