Достапни линкови

Русија нема да помага во изградбата на втора нуклеарка во Иран?


нуклеарната централа во Бушер, Иран

нуклеарната централа во Бушер, Иран

Шефот на руската атомска агенција изјави дека официјална Москва не преговара за учество во изградбата на втора нуклеарна централа во Иран. Сергеи Кириенко рече дека дознал за плановите за изградба на втора централа во Бушер од медиумите и дополни дека до сега не се разговарало за ова прашање. Тој изјави дека руската агенција ги има предвид меѓународните закони кои важат за иранскиот проект, како и стандардите на Меѓународната агенција за атомска енергија при Обединетите нации. Минатата недела медиумите јавија дека руските власти размислувале за учество во изградбата на втора нуклеарка во Исламската република, доколку за тоа има понуда. Советот за безбедност при Обединетите нации одреди серии санкции за иранските власти поради нуклеарната програма на официјален Техеран, за која постојат сомненија дека се користи за производство на оружје.
XS
SM
MD
LG