Достапни линкови

logo-print

Лагард: Грција да го следи патот на Летонија


Шефот на ММФ Кристин Лагард ги повика Грција и другите земји од еврозоната кои се соочуваат со долгови да го следат патот на Летонија и нејзината успешна програма за реформи. „Тие ја увидоа потребата од структурални промени и донесоа некои многу храбри одлуки“ ја пренесуваат грчките медиуми изјавата на Лагард за шведскиот весник „Свенска Дагбаладет“. Летонија побара помош од ММФ во декември 2008 година. Тригодишната програма за реформи заврши во декември минатата година, но земјата се уште отплаќа кредити и невработеноста се уште е на ниво од 15 проценти.
XS
SM
MD
LG