Достапни линкови

logo-print

Отежнато лечењето на Тимошенко


Германскиот доктор одговорен за лечењето на екс-премиерот на Украина вели дека здравствената состојба на Јулија Тимошенко е подобрена, но додава дека третманот се одвива отежнато. Карл Макс Енхаеул е дел од тимот германски доктори одговорни за третманот на Тимошенко во Каркив. Поранешниот претседател на Украинската влада страда од хронична болка во грбот која, според докторите, е намалена но не е целосно излечена. Лекарите велат дека третманот се одвива отежнато поради тоа што Тимошенко не им верува на локалните медицински кадри. Инаку, екс-премиерката отслужува седумгодишна затворска казна обвинета за злоупотреба на должноста.
XS
SM
MD
LG