Достапни линкови

Сирија прогласи 17 амбасадори за непожелни


Сирија прогласи седумнаесетмина дипломати, повеќемината од Соединетите американски држави и од европски земји, за „персона нон грата“. Соопштението на сиријското министерство за надворешни работи следи по одлуката на неколку западни земји да ги избркаат сиријските дипломати по масакрот во Хула. На листата на непожелни амбасадори во Сирија се најдоа дипломатите од Соединетите американски држави, Британија, Франција и Турција, како и вработени во амбасадитре на Канада, Италија, Шпанија, Белгија, Бугарија и Германија. Речиси сите амбасадори на западните земји веќе се повлекоа од Сирија во знак на протест против насилството врз антивладините бунтовници од страна на лојалистите на претседателот Башар Ал Асад.
XS
SM
MD
LG