Достапни линкови

Шврговски: Нема кривична одговорност за Црвенковски


Македонскиот јавен обвинител денеска соопшти дека документот чија содржина поранешниот шеф на државата Бранко Црвенковски ја објави преку медиумите нема карактер на државна тајна. „На тој начин имателот на информацијата која што ја пласира на Канал 5 телевизија за него нормално отпаѓа можноста да биде кривично гонет бидејќи Кривичниот законик не го сакционира актот кој што има степен на класификација „строго доверливо“ како кривично дело“ рече Шврговски. Станува збор за документи за предлог за решавање на прашањето за името од 2005 година кои лидерот на опозицијата ги презентираше на дебатна емисија на еден од националните медиуми.
XS
SM
MD
LG