Достапни линкови

Продолжен мандатот на ЕУЛЕКС во Косово


Советот на Европската унија донесе одлука за продолжување на мандатот на ЕУЛЕКС на Косово за уште две години, до 14 јуни 2014 година но и да го намали вкупниот број на припадници на Мисијата за 25 проценти. Во соопштението на Советот се наведува дека Мисијата ќе има на располагање буџет од 111 милиони евра во првата година, јави Танјуг. „Ја поздравувам оваа одлука. Мисијата на ЕУ извршува важна и добра работа, пружајќи поддршка на владеењето на правото на Косово“ изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон. Таа ги охрабри косовските власти да ја искористат стручноста на ЕУЛЕКС и укажа дека во иднина локалните власти ќе мораат да преземат многу поголема одговорност.
XS
SM
MD
LG