Достапни линкови

logo-print

Одложено судењето на приведен во операцијата „Монструм“


Скопскиот Кривичен суд денеска го одложи судењето за еден од приведените во полициската акција „Монструм“. Судењето е одложено поради техничка неможност обвинетиот Ибраим Сејадини да биде спроведен од притвор во судот. Сејадини е обвинет за нелегално поседување и трговија со оружје. Судењето е презакажано за крајот на овој месец. Државнит јавен обвинител Ључшо Шврговски денеска пред седницата на Советот за јавни обвинители изјави дека ќе донесат одлука по овој предмет кога ќе бидат завршени сите истражни дејствија што биле предложени од јавниот обвинител и кога предметот ќе биде вратен на јавниот обвинител.
XS
SM
MD
LG