Достапни линкови

Клинтон ја реафирмираше американската подршка за Грузија


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон се сретна со претставници на грузиските власти на разговори за подобрување на одбрамбените капацитети на земјата. Клинтон одржа „стратешки дијалог“ со грузиските власти во градот Батуми. Државниот секретар ја реафирмираше американската подршка на грузискиот територијален интегритет и ги повика руските сили да се повлечат од регионите Абхазија и Јужна Осетија. Русија ја призна независноста на регионите по кратката војна со Грузија во 2008 година, но поголем дел од светот ги смета регионоте како дел од Грузија. Се очекува Клинтон да се сретне со грузискиот претседател Михаел Сакашвили.
XS
SM
MD
LG