Достапни линкови

Приведени активисти во Русија


Руската полиција приведе дваесетмина активисти кои протестираа против предлог-законот со кој се предвидува драстично зголемување на казните за демонстранти. Активистите се собраа пред зградата на државниот Дума во Москва, каде пратениците денеска треба да гласаат за предлог- законот. Лидерот на опозициската партија Јаблоко Сергеи Митрохин наводно е меѓу приведените.Со предлог-легислативата се предвидуваат казни од po 15,000 американски долари за учесници на протести а воедно се проширува и листата на казниви постапки при улични собири.
XS
SM
MD
LG