Достапни линкови

Протести во Киев против рускиот јазик


Илјадници демонстранти се собраа денеска пред украинскиот парламент во Киев на протести против првичното изгласување на законот, со кој, рускиот јазик треба да биде официјален во некои региони во Украина. Опозициони партии најавија дека ќе постават камп пред парламентот и ќе протестираат се додека одлуката не биде повлечена. Дебатата за овој закон во минатата недела беше причина за тепачката во украинскиот парламент. Според предлог законот, украинскиот јазик останува единствен официјален во земјата, но рускиот ќе може да биде користен во судовите, болниците и во другите институции во регионите каде што мнозинството жители се етнички руси.
XS
SM
MD
LG