Достапни линкови

Еврото може да биде спасено. Но, дали и ЕУ?


Премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер на состанок на еврозоната во Брисел.
Премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер на состанок на еврозоната во Брисел.

По повеќе од една година во криза, земјите на еврозоната се уште се борат да ја спасат заедничката валута. Нивниот план е фискална дисциплина за смирување на пазарите проследени со мерки за економски пораст. И по се изгледа ќе успеат, наведува професор Чарлс Капчан од универзитетот Џорџтаун.

Без оглед на тоа дали Грција ќе излезе од еврозоната, Германија ќе стори се што е неопходно да ја зачува валутата во живот. Еврото е преголемо за да падне. Иако се уште не е доцна за спас на еврото, изгледа дека станува доцна за спасување на Европската унија. Се отвори опасен јаз меѓу колективното раководство на Европа и националните населенија кои отворено изразуваат непријателство спрема европскиот проект. Спасувањето на еврото е полесниот дел, обновата на довербата во интеграцијата ќе биде порешавачка и понеоствралива.

До крајот на годинава грчкиот БНД ќе падне за 20 насто, Италија е во рецесија, а Шпанија има 50 процентна невработеност кај младите. Сето ова ги јаде врските што ја држат ЕУ заедно, а на изборите се засилија партиите кои се евроскептични, наведува професор, Чарлс Капчан, при што ги посочува примерите со Грција, Франција и Италија.
Луѓето во Унијата се револтирани од Брисел и од начинот на кој владее. По декади на јавно самозадоволство од ЕУ, прашањето за единство премногу се исполитизира. За жал, за Брисел Унијата стана објект на презир, а не на љубов. Еврото можеби ќе преживее, но Европа ризикува ако ја спасува формата, а не и духот. Колективните институции који ја оживеаа Европската унија ќе останат празни ако граѓаните гледаат на Унијата како на неважна или уште полошо како на нелегитимна и неефикасна творба. Политичките основи на Унијата се премногу еродирани.

Евроскептицизмот е се поголем

Поддршката за Европската унија останува силна меѓу германските избирачи, но тие се изморени од полнење на сметката за спасување на економските проблеми во Унијата. Уште полоша е ситуацијата во Британија каде што непријателството спрема ЕУ веќе стана главен правец. Кај конзервативците евроскептицизмот прерасна во фобија. Поддршката кон Унијата падна и во другите земји. На пример кај Чесите таа е само 28 насто.

Луѓето во Унијата се револтирани од Брисел и од начинот на кој владее. По декади на јавно самозадоволство од ЕУ, прашањето за единство премногу се исполитизира. За жал, за Брисел Унијата стана објект на презир, а не на љубов. Еврото можеби ќе преживее, но Европа ризикува ако ја спасува формата, а не и духот. Колективните институции који ја оживеаа Европската унија ќе останат празни ако граѓаните гледаат на Унијата како на неважна или уште полошо како на нелегитимна и неефикасна творба. Политичките основи на Унијата се премногу еродирани.

Како да се спаси ЕУ?

За да го спречат тоа, Европските лидери ќе треба да го обликуваат јавното мислење, а не да се грижат за него. Најдобар начин е брзо придвижување кон целосна фискална унија што е неопходно за да се зачува еврозоната. Ирското одобрување на новиот фискален пакт е позитивен развој. Легитимноста на Европската унија зависи од нејзината способност да обезбеди просперитет и безбедност кои пак се единствено можни доколку има подлабоко и поефикасно поврзување.

Овој курс ќе бара институционализација на структура со повеќе брзини во која внтарешниот круг на земји побрзо напредуваат кон поширока интеграција од другите. Унија од 27 земји не може веќе да си дозволи да се движи бавно како повеќето други членки кои се колебаат. Европа дојде до точката да се биде или не. Европјаните добро знаат дека нивните најмрачни времиња се појавија од економските проблеми и национализмот во 30 години.

Се додека ЕУ не ќе може да ја поврзе фискалната дисциплина со порастот и да го скроти национализмот, европското проблематично минато може да стане нејзина иднина, наведува професор Чарлс Капчан.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG