Достапни линкови

logo-print

Панета во посета на Индија


Американскиот секретар за одбрана Леон Панета денеска ќе допатува во Индија на разговори за унапредување на меѓусебната воена соработка. За време на дводневната посета, Панета со државниот врв на Индија ќе размени мислења и за ситуацијата во Авганистан, како и за растечката економска и воена моќ на Кина. За време на азијската турнеја, Панета ќе ги посети и Виетнам и Сингапур. Американскиот претседател Барак Обама пред неколку месеци изјави дека азијско – пацифичкиот регион е топ приоритет на американската безбедносна политика.
XS
SM
MD
LG