Достапни линкови

Пратениците и денеска ќе расправаат за ребалансот


Пратениците денеска на 34-тата седница во Собранието ќе ја продолжат расправата по ребалансот на Буџетот за 2012 година. На вчерашната седница опозицијата истакна дека ребалансот е неразвоен, дека е резултат на лошата проценка на власта кога го носела Буџетот и служи за купување на социјалниот мир за сметка на развојот на држава.Пратениците од владечкото мнозинство сметаат дека тоа е навремена и соодветна реакција на актуелните трендови во економијата, кои, како што рекоа, се последица на кризата во Европа.

Предлагачот, Министерството за финансии, смета дека со ребалансот се зачувува фискалната дисциплина, високо ниво на капитални инвестиции од 20 проценти и не се намалуваат платите, пензиите, социјалната помош и субвенциите во земјоделството.
XS
SM
MD
LG