Достапни линкови

logo-print

Путин во посета на Кина


Рускиот претседател Владимир Путин пристигна денеска во Кина. Ова е неговото прво патување во Азија откако пред еден месец ја презеде функцијата претседател. За време на неговата тридневна посета во Кина се очекува на средбите со кинеските официјални претставници да разговара за состојбата и насилството во Сирија и иранското нуклеарно прашање. Путин ќе присуствува и на дводневниот самит во Шангај каде што ќе се сретне одделно со претседателите на Иран и Авганистан.
XS
SM
MD
LG