Достапни линкови

logo-print

Пакистан и ЕУ во „стратегиски дијалог“


Пакистан и Европската Унија ќе започнат „стратегиски дијалог “ кој ќе ги опфати безбедносните прашања, развојот и трговијата. Во соопштението од ЕУ е наведено дека еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон и пакистанскиот министер за надворешни работи Нина Рабани Кар официјално ќе ги стратуваат разговорите во Исламабад со цел да дадат нов поттик за подобрување на односите на Исламабад со Брисел.
Со дијалогот ќе се истражат начини и можности за спроведување на петгодишниот план за соработка од кој како конечен производ треба да излезе договор за слободна трговија меѓу двете страни, антитерористички мерки и зголемена помош за развој на земјата.
XS
SM
MD
LG