Достапни линкови

СЕЕМО го осуди однесувањето на Додик


Организацијата на медиумите на Југоисточна Европа (СЕЕМО) го повика претседателот на Република Српска Милорад Додик да ја почитува слободата на печатот како основно демократско правило.
Нивната реакција следува по изјавата на Додик во саботата со која навреди новинарка и се обиде да ја избрка од салата каде што држеше прес конференција. Генералниот секретар на организацијата Оливер Вујовиќ ги потсети властите на Република Српска и БиХ, дека новинарите имаат право на пристап до информации од јавно значење и дека имаат право да присуствуваат на прес конференции и при тоа да се однесуваат спрема нив со почит како спрема секој друг граѓанин.
XS
SM
MD
LG